ВИДЕО: Москва издаде потерница за американски сенатор поради монтирана снимка

Од:

Русија издаде налог за апсење на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, поради монтирана снимка од неговата средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Греам се сретна со Зеленски, а на Твитер се појави монтирано видео од неговите изјави. Во видеото, тој се чини дека изјавува дека фактот дека Русите умираат сe „најдобобро вложени пари“.

Снимката ги налути шефовите на руската државна телевизија „Раша тудеј“ и другите руски функционери, кои повикаа на убиство на сенаторот.

Вистинската верзија на разговорот ја објавија од кабинетот на Зеленски. На снимката се гледа како Греам всушност вели дека „испраќањето американска помош за Украина беше вредно инвестирање во глобалната безбедност“.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски