ВИДЕО: Милиони Чилеанци го преплавија главниот град, повикуваат на политички и социјални промени

Од:

Милиони Чилеанци протестираа мирно во главниот град Сантијаго, на најголемиот собир откако избувна насилството за време на демонстрациите во таа јужноамериканска земја.

Демонстрантите носеа државни знамиња, играа, удираа на тенџериња со дрвени лажици и носеа транспаренти, повикувајки на политички и социјални промени.

Сообраќајот, веќе отежнат поради протестите на возачите на камиони и таксистите поради патарините, беше запрен бидејќи демонстрантите ги блокираа главните улици и јавниот превоз во Сантијаго, пренесува Ројтерс.

Сите демонстранти се упатија дома среде вечерта, поради полицискиот час што почнува во 11 часот.

Вонредна состојба е на сила во Сантијаго, прогласена од претседателот Себастијан Пинера по немирите во кои беа запалени многу градски згради, а градското метро беше блокиран.

Пинера, централно-десничарски политичар, рече дека ќе донесе посебен закон за безбедност за гонење на „криминалците“ одговорни за штетата предизвикана во Сантијаго, но во исто време рече дека го разбира незадоволството на оние погодени од порастот на цените на јавниот превоз.

Главниот град на Чиле и другите поголеми градови со денови се зафатени од немири кои се предизвикани поради порастот на цените јавниот превоз, но подоцна прерасна во протест поради високите трошоци за живот и нееднаквоста, бидејќи здравството и образованието беа скоро целосно приватизирани во таа земја.

Пинера го поништи решението за покачување на цената на билетите минатата сабота.

Ројтерс потсетува дека Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но во исто време и една од најпознатите социјални нееднаквости.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле