ВИДЕО: Мигрантите не сакаат повеќе да чекаат, скокнаа во морето и запливаа кон Италија

Од:

Очајните мигранти кои две недели на бродот за спасување чекаат дозвола да влезат во Италија, скокнаа во морето и пливаа на брегот, објави „Скај њуз“.

„Скај њуз“ пренесува дека четворица мигранти скокнале во морето во очајнички обид да стигнат до италијанска почва. Двајца членови од екипажот веднаш интервирале и ги вратиле назад.

Инцидентот се случи откако организацијата „Open Arms“, која го контролира спасувачкиот брод, предупреди за „екстремен хуманитарен итен случај“. Имено, на бродот има 107 мигранти кои беа спасени во близина на Либија пред две недели. Бродот е закотвен kaj италијанскиот остров Лампедуза и веќе со недели неуспешно се обидува да добие дозвола за пристапување.

Шпанската хуманитарна организација која управува со бродот за спасување на мигранти ја отфрли понудата на Шпанија да отплови кон Алгеширас, откако Италија одби да му даде пристаниште, тврдејќи дека ситуацијата е итна за стотина лица во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов