(ВИДЕО) Меркел: Дваесетите години од 21 век може да бидат добри години

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да придонесат за зачувување на ЕУ како проект на мир и просперитет, во своето традиционално новогодишно обраќање.

На почетокот на новата деценија, таа им порача на граѓаните да бидат смели, самоуверени и подготвени за нов начин на размислување.

„Дваесеттите години од 21 век може да бидат добри години. Човештвото може да се изненади од сè она што заеднички можеме да го постигнеме. Промените на подобро се можни ако отворено и одлучно тргнеме кон нови работи“, рече Меркел, а пренесе „Дојче веле“.

Таа зборуваше за три предизвици: дигитализација на работата, борба против причините за масовното бегство на луѓето од Африка и пред сè, климатските промени.

„Со оглед на тоа што промените се предизвикани од луѓето, ние како човештво мора да сториме сè за да го надминеме овој предизвик“, рече германската канцеларка.

Во однос на преминот од користење на фосилни горива кон обновливи извори на енергија во сите сфери од животот, Меркел истакна дека Германија може да се потпре на она што секогаш ја прави силна, а тоа се идеите, инвентивниот дух и упорноста.

„Како канцелар, ќе дадам сè од себе за да и помогнам на Германија да придонесе во борбата против климатските промени“, кажа таа.

Телевизиските обраќања до нацијата на германската канцеларка се ретки, а исклучок е новогодишниот говор кој се емитува во најгледаното време и да достигнува високи коефициенти на гледаност.

Ова е 15-ти новогодишен говор на Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски