ВИДЕО: Мечка нападна ловџија

Од:

Ричард Весли од Хартс во Канада бил на лов, кога на далечина од 30 метри здогледал црвена мечка, а од видеото може да се забележи дека таа на почеток не го забележува него.

Меѓутоа во еден момент го здогледува ловџијата и веднаш се затрчува накај него.

Весли се обидел да ја исплаши мечката со викање, но безуспешно. Мечката скокнала врз него.

Ловџијата, за среќа, успеа да се одбрани со лакот кој што го имаше, а во еден момент тој ја испушта камерата која што продолжува да снима.

На крајот, ја зема камерата и успева да побегне од големиот предатор.

– Многу сум среќен што излегов жив од целата приказна. Поминав без повреди, освен неколку модрици на лактот. Овој настан е само доказ дека црните мечки се диви и непредвидливи животни, изјави Весли.

Би можело да ве интересира

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

Орце Костов

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег