ВИДЕО: Мало дете извлечено од урната зграда во Сирија

Од:

Илјадници луѓе останаа затрупани под урнатините на зградите во Турција и Сирија по силните земјотреси што ја погодија областа.

Снимки од спасувачките акции го обиколуваат светот. Камерите снимија спасување на дете во Азаз, Сирија.

Во земјотресот загинаа над 1.900 луѓе, а неколку илјади беа повредени. Се стравува дека бројот на загинати ќе биде многу поголем, а Геолошкиот институт на САД најави дека бројот на загинатите може да се искачи на 10 илјади.

Телевизиските снимки покажаа шокирани луѓе во пижами како стојат во снегот додека спасувачите копаат низ урнатините од куќите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес го погоди Кушадаси