ВИДЕО: Луѓето едвај останаа на нозе кога страотен земјотрес го погоди Мексико

Од:

Луѓето се разбегаа по улиците на Мексико кога го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер. Оние кои земјотресот ги затече надвор, едвај останаа на нозе. Се нишаа дури и уличните светилки, семафорите и дрвјата.

Како што соопшти Американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил по должина на пацифичкиот брег на државата Оахака.

Претседателот на Мексико, Андрес Лопез Обрадор се огласи преку видео на социјалните мрежи, велејќи дека сè уште не е познато колкава е штетата.

Вознемирените луѓе остануваат на улиците и се обидуваат да одржуваат дистанца помеѓу себе поради пандемијата, дел од нив носат заштитни маски, а некои не.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

Тројца загинати во разорниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес кај брегот на Крф

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Јапонија: Силен земјотрес ја погоди префектурата Фукушима