ВИДЕО: Лекарите ги задржуваат солзите додека ги опишуваат болките на пациентите во последните часови од нивниот живот

Од:

„Бевме пречекани од одговорниот човек во мртовечницата, ни рече да го следиме, се шокиравме кога низ ходникот забележавме соби полни со ковчези, на крајот од ходникот тој ја отвори вратата и со гестикулација ни покажа дека влегуваме во болничката црква, кога влегов во просторијата видов полна соба со повеќе редови на ковчези“, раскажува новинарот на „Скај њуз“, Стујарт Рамзи.

Само за еден ден, во Италија починаа 793 луѓе од коронавирусот.

Во болницата Кремона која се наоѓа во областа Ломбардија има толку мртви што треба да ја користат и црквата која е во рамките на болницата за да се складираат телата пред да бидат подигнати и истите да се однесат на кремирање.

Нивните семејства се во карантин и не можат да им оддадат последна почит и да се збогуваат со нив, раскажува новинарот на „Скај њуз“.

Од време на време, докторите и медицинските сестри не можат да ги задржат солзите за загубените животи на пациентите, тие пред камерата на новинарите со тага ја опишуваат болката на пациентите неколку часа пред смртта да настапи.

Од друга страна, има нови пациенти кои се борат за живот, сите заразени од коронавирусот.

Медицинскиот тим, за жал нема лек кој во моментот е достапен, па затоа само се обидуваат да ги одржат своите пациенти живи.

Во еден оддел, пет доктори заедно со медицинските сестри ги вртат пациентите на предната страна на секои 13 до 16 часа за да се ослободи притисокот од нивните бели дробови, доколку тоа не го направат извесно е дека пациентите ќе умрат, вели новинарот Рамзи.

Во болницата, медицинскиот персонал е обврзан редовно да ги менува ракавиците, маските и заштитната облека.

„Не можам да кажам како се чувствувам сега, затоа што ова е војна, ова е катастрофа“, вели докторката Тамајо за „Скај њуз“.

„Ние сме тука 12 часа на ден. Само се враќаме дома неколку часа и потоа повторно доаѓаме на работа затоа што мораме да бидеме овде за пациентите“, додава таа со солзи во очите.

Во целата трагедија и тага, има само една добра вест, а таа е дека еден пациент закрепнува.

Камерманите не можеа да пристапат до него, но тој лежејќи во креветот ги поздрави мавтајќи им.

Од истата болница, неврохирургот, докторката Катенчи која сега работи во интензивната нега испрати порака до светот: „Немојте да мислите дека ова се случува само овде и не може да се случи на друго место бидејќи ќе се случи само ако не преземете ништо да се спречи“.

Во Ломбардија, регионот со најголем број на жртви (од вкупно 4,032 во државата) надежта не умира, медицинските тимови иако се изморени тие продолжуваат да се борат за секој човечки живот.

Според експертите, пандемијата се очекува да трае со недели, но може тоа да биде и подолго.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим