ВИДЕО: Лансирани ракети кон руски Сухој над Идлиб, пилотот успеа да ги избегне

Од:

Руски авион Су-24 во четвртокот избегна најмалку две противавионски ракети додека и даваше воздушна поддршка на сириската војска кај јужен Идлиб.

Каналот Халаб Тудеј објави снимка на која како што може да се види рускиот воен авион избегнува една од двете ракети со маневрирање и испуштање на ракети.

Сириските активисти тврдат дека проектилот од преносен систем за воздушна одбрана е лансиран од турски објект во градот Каминаса во јужен Идлиб, но овие тврдења не се се уште верифицирани.

Неколку сириски и руски воздушни напади беа насочени кон турскиот воен објект во Јаминаса и при таа прилика погинаа дваја турски војници, а неколкумина без повредени. Инцидентот се случил во текот на нападот под водство на Турција на позициите на Сириската армија во јужен Идлиб.

Типот на ракетниот систем „Стингер“ и локацијата од која беа лансирани ракетите потврдуваат дека турските сили се обиделе да го соборат рускиот сухој во јужен Идлиб, наведуваат дел од аналитичарите.

Авиони Су-24 на руското воено воздухопловство изведоа напад на како што се посочи, терористички позиции, што им овозможи на сириските трупи да го одбијат нападот.

Протурските милитанти со поддршка на турската артилерија ја пробија одбраната на сириската војска, но беа спречени да напредуваат од Русите.

Би можело да ве интересира

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он