ВИДЕО: Кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на последниот ден од прославата на платинестата годишнина

Од:

Кралицата Елизабета Втора денеска, на последниот ден од прославите по повод 70-годишнината од нејзиното стапување на тронот, накратко се појави на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрави насобраните луѓе.

Кралицата (96) излезе на балконот, придружувана од синот Чарлс, внукот Вилијам, нивните сопруги и деца. Тогаш се огласи и британската химна „God save the queen“.

Елизабета Втора ги ограничи своите настапи во последните месеци поради проблеми со одењето. Досега таа се појави само два пати во текот на четиридневната празнична програма.

Таа им мавна на илјадниците луѓе собрани пред палатата на крајот од парадата, на која присуствуваа над 100 национални познати личности како пејачот Ед Ширан и поранешниот фудбалер Гери Линекер.

Елизабета Втора се искачи на тронот во 1952 година, кога имаше 25 години. Таа е британскиот монарх со најдолго владеење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он