ВИДЕО: Конфликтот меѓу Израел и Газа влезе во втората седмица, Бајден повика на прекин на огнот

Од:

По осум дена од израелско-палестинскиот конфикт, американсиот претседател Џо Бајден се изјасни за прекин на огнот.

Бајден во телефонски разговор му порачал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека САД работат со Египет и други земји на запирање на непријателствата.

Но, САД повторно ја блокираа резолуцијата на Советот за безбедност на ООН со која се повикува на прекин на насилството.

Според извори од израелската влада, Нетанјаху му рекол на Бајден дека сака да ги комплетира сите цели во операцијата во Газа.

Конфликтот сега е во втората седмица, со малку знаци за крај на насилствата.

Според последните информации, најмалку 212 лица, од кои 61 дете, починаа во Газа, а 10, меѓу кои две деца, во Израел.

Израел тврди дека повеќето од убиените во Газа се милитанти и дека секоја смрт на цивилите е ненамерна.

Инаку и во текот на ноќта Израел продолжи со воздушните напади кон Газа откако палестинските милитанти лансираа ракети кон израелските градови.

Сирените повотрно се огласија во израелските градови додека ракети влегуваа и на југ и на север во близина на либанската граница.

Најмалку седум Палестинци се убиени во последниот израелски напад на Газа.

.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски