(ВИДЕО) Коала од Австралија, по пожарите, ја гасне жедта од водениот асфалт

Од:

Од громови и поројни дождови денеска се погодени делови од источниот брег на Австралија, а поради поплавите затворени се одредени главни патни правци.

„Би-би-си“ на „Твитер“ објави видео на кое се гледа како жедна коала во Нов Јужен Велс го лиже водениот асфалт пиејќи вода, додека едно дете ја гали по грбот и ја поздравува.

Во делови од Австралија, каде не врне дожд, се уште се активни 100 пожари во кои загинаа 29 луѓе, а уништени се повеќе од 2.500 домови, а опожарена е површина колку Германија.

Австралиските држави Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд, кои најмногу беа погодени од сушата и пожарите сега се справуваат со поплави предизвикани од поројните дождови.

Во Квинсленд затворени се патишта, како и многу паркови и туристички атракции. Додека невремето во делови од Нов Јужен Велс предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а противпожарната служба соопшти дека поројниот дожд помогнал да се стават под контрола 75 пожари.

Во Викторија се уште горат десетина пожари, но е анулирана наредбата за евакуација на жителите во планинскиот предел. И во таа сојузна држава дождот помогна во гаснење на пожарите, но се создаде густ чад, што би можел да влијае врз одржувањето на последното коло од тениските квалификациските натпревари на „Австралија опен“.

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј