ВИДЕО: Ќе живеат среќно до крајот на затворската казна

Од:

Повеќе од 100 парови го кажаа своето судбоносно „да“, вчера во еден од затворите во мексиканската држава Чивава. На специјалната церемонија присуствуваа нивните роднини, но и полицајци, како и неколку локални медиуми.

Управникот на затворот Цезар Фернандо Рамирез вели дека се одлучил на овој чекор за да им помогне на затворениците.

На овој начин, заљубените осуденици ќе научат да живеат во заедница, која ќе им помогне да се социјализираат по нивното ослободување. Вистинскиот тест за нивната љубов, вели Рамирез, ќе биде слободата и светот надвор од затворските ѕидови.

Ова не е првпат во мексиканските затвори да се направи групна свадба, но оваа е една од најголемите досега. Голем дел од мексиканските држави во последниве години водат битка против нарко – картелите и поголемиот дел од затворениците се казнети поради трговијата со дрога.

Би можело да ве интересира

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда