ВИДЕО: Ќе славам роденден, мал круг на луѓе, околу 30.000

Од:

Холандската полиција мораше да интервенира кога неколку илјади млади луѓе, поканети преку „Фејсбук“, дојдоа на роденденска забава, планирана за мал круг на пријатели.

Ситуацијата излегла од контрола минатата ноќ кога во малото место Харен, во близина на северниот град Гронинген, каде полицијата се обидела да ги избрка гостите, се соочила со отпорот од нив, пропратен со камења, шишиња, велосипеди, саксии со цвеќе и се што им се нашло при рака на изнервираните потенцијални гости.

Еден полицаец ситуацијата ја опиша како хаотична, а рече и дека имало повредени неколкумина од кои двајца потешко.

Четири лица се уапсени, засега, но откако ќе се прегледаат снимките подетално ќе има и други притворени.

Високиот степен на подготвеност на полицијата започнал веднак откако една 16 годишна девојка преку социјалната мрежа испратила покана за роденден, но не ја постирала како приватна. Потоа нејзината покана ја поделиле пријателите, па нивните пријатели и така дури 30.000 корисници добиле покана за роденден.

Во градот кој има 18.000 жители вкупно, 4.000 се појавиле на роденденот.

Полицијата морала да ги блокира дури и улиците што водат кон домот на девојката, а повеќето од гостите биле млади луѓе.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски