ВИДЕО: Кинески ровер успешно слета на Марс

Од:

Кинеско вселенско летало успешно слета на површината на Марс, со што Кина стана втора земја по САД што го стори тоа.

Тајнвен-1 спушти ровер на ледениот дел од Марс познат како Утопија Планитија и стана првото кинеско летало на Црвената планета, јави државната новинска агенција Синхуа.

По овој повод, кинескиот претседател Си Џинпинг им честиташе на сите вклучени во оваа историска мисија. На роверот Џуронг, именуван по стар бог на огнот, му требаа повеќе од 17 минути да ги расклопи своите соларни панели и антена и да испрати сигнали до контролата на земјата повеќе од 320 милиони километри, а неговата задача е да ги проучи почвата и атмосферата на планетата.

Кина стана третата земја, по Советскиот сојуз и САД, што спушти ровер на Марс.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов