ВИДЕО: Кина лансираше вселенско летало на Марс

Од:

Кина лансираше беспилотно вселенско летало кон Марс од космодромот Ванчан, на јужниот кинески остров Хајнан.

Вселенското летало „Тјанван-1“ ќе помине најмалку 55 милиони километри за до февруари да пристигне на Марс, каде ќе ја истражува атмосферата и површината на Црвената планета.

„Тјанван-1“ ќе атерира на Марс и ќе испрати робот, кој ќе ја испитува површината на планетата.

Тоа е прва самостојна кинсека мисија до друга планета и ако биде успешна, Кина ќе биде трета земја по САД и поранешниот Советски Сојуз, која испратила сонда на Марс.

Кина во 2011 година заеднички работеше со Русија за испраќање летало на Марс, но мисијата не успеа.

Осум сонди – американски, европски и индиски се во орбитата на Марс или на површината на Црвената планета. Во неделата Обединети Арапски Емирати од Јапонија лансираа сонда кон Марс, а во следните месеци се очекува нова американска мисија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски