ВИДЕО: Кандидатот за наследник на Меркел се смееше при посетата на поплавените региони

Од:

Армин Лашет се извини за кадарот на кој се гледа дека се смее додека германаскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер дава изјава за време на посетата на полавените региони.

„Судбината на погодените, за која слушавме низ многу разговори, навистина ни е важна. Затоа уште повеќе се каам за впечатокот кој остана. Тоа беше ненамерно и навистина ми е жал“ – напиша Лашет на Твитер.

Лашет е гувернер на Северна Рајна-Вествалија, една од двете најпогодени сојузни држави. Тој заедно со претседателот вчера го посети Ерфштат.

Додека претседателот даваше изјава, Лашет стоеше зад него, а на видеата и на фотографиите се гледа дека се смее со останатите челнови на делегацијата.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски