ВИДЕО: Колку заштитуваат маските при зборување, кивање или кашлање

Од:

Американски истражувачи снимија видео кое ја прикажува количината на капки кои се исфрлаат од устата кога зборуваме, кашламе или киваме.

Во видеото, кое трае помалку од две минути, прикажано е како различните маски го блокираат исфрлањето на честички во воздухот во споредба со лице кое не носи маска, пренесува mashable.com.

Резултатите се објавени во медицинското списание „Торакс“ и ја нагласуваат важноста на носењето маска за време на пандемијата на коронавирусот.

Како што наведуваат, маските го намалуваат бројот на честичките од коронавирусот што заразеното лице ги исфрла во воздухот и ги штитат другите луѓе. Има и сè повеќе докази дека маската добро го штити и лицето кое ја носи, велат истражувачите.

Дури и еднослојните заштитни маски значително го спречуваат исфрлањето на капки, додека при кашлање и кивање, многу поефикасни се двослојните.

Видеото, снимено со камера со висока резолуција, прикажува што се случува со капките откако некој кивне или се закашла. Од снимката може да се види дека без маска голема количина на честички се распрснуваат во воздухот.

Во време кога сè уште не постои вакцина, ниту лек против коронавирусот, маските се од огромно значење за да се спречи ширењето на болеста, тврдат експертите.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски