(ВИДЕО) Израелската армија уништи 80 отсто од остатоците од сириската армија

Од:

Израелската војска потврди дека извршила повеќе од 360 борбени воздушни напади врз околу 320 стратешки цели во Сирија само неколку дена по падот на режимот на Башар ал Асад.


Во тие напади беа уништени најголемиот дел од остатоците од сириската армија, што е околу 80 отсто од вкупниот состав и сила.

Операцијата насочена кон уништување на оружјето на армијата на Асад го доби името „Ѕвезда на Башан“ по библиското име на регионот на Голанската висорамнина и јужна Сирија, објавија израелските медиуми.

Според проценката на израелските сили, ефективноста на уништувањето на сириската армија е околу 80 отсто од вкупниот состав, опрема и технологија.

„Покрај системи за противвоздушна одбрана, уништени се ракетни магацини, производствени капацитети, беспилотни летала, хеликоптери, борбени авиони, тенкови, радари, бродови, меѓу другото“, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Би можело да ве интересира

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Тројца загинати во израелски воздушен напад врз Џенин

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците