ВИДЕО: Израел ја ракетираше Сирија

Од:

Израелски воени авиони утринава извршија воздушни напади врз воени цели во Сирија како одговор на ноќните ракетни напади на териториите под контрола на Израел.

Државните медиуми во Сирија објавија за експлозии во близина на главниот град Дамаск, а израелски воени извори потврдија дека биле извршени напади врз сириски артилериски батерии и фрлачи на беспилотни летала, како и врз други сириски воени позиции и воени радарски системи, пренесува Ројтерс.

Во официјалното соопштение на израелската армија беше наведено дека „израелската армија ја смета државата Сирија за одговорна за сите активности што се случуваат на нејзина територија и нема да дозволи никакви обиди за нарушување на израелскиот суверенитет“.

Сириското Министерство за одбрана соопшти дека сириската противвоздушна одбрана одговорила на израелските напади и пресретнала неколку израелски ракети.

Во соопштението се наведува дека по израелските ракетни напади нема пријавени човечки жртви, но дека е причинета материјална штета.

Би можело да ве интересира

Израелските војници убија припадник на Хамас

Горан Наумовски

Израелските сили убија палестински напаѓач за време на рација на Западниот Брег

(ВИДЕО) Американците објавија снимка: Русите го соборија нашето беспилотно летало над Сирија

Демонстрантите против премиерот пешачат по автопатот кон Ерусалим

Палестинец рани три лица, од кои две девојчиња, а потоа побегна

(ВИДЕО)Сериозен инцидент: Три руски Су-35 пресретнаа американско беспилотно летало