ВИДЕО: Италијанци платиле на медицинска сестра за лажно да ги вакцинира, полицијата снимила сè со скриена камера

Од:

Луѓе кои се противат на вакцинацијата против Ковид-19 на Сицилија и платиле на медицинска сестра да им даде лажни вакцини за да добијат здравствен сертификат.

Три лица, меѓу кои и медицинска сестра и локален лидер на движењето познато во Италија како „Но-вац“, се уапсени и се соочуваат со обвиненија за корупција и фалсификување, објави „Блиц“.

Полицијата употреби скриена камера за да сними медицинска сестра во главниот центар за вакцинација како го празни шприцот за вакцина во марамче пред накратко да стави игла во раката на примателот.

На овој начин се добиени десетина здравствени пропусници, вклучително и за еден полицаец. Локалните медиуми објавија дека луѓето плаќале до 400 евра за оваа услуга.

Во обид да го спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус, италијанската влада ја прогласи вакцинацијата за задолжителна за здравствените работници, наставниците, службениците за спроведување на законот и војската.

На 6 декември, Италија дополнително ги заостри ограничувањата за луѓето кои сè уште не биле вакцинирани, ограничувајќи го нивниот пристап до низа места и услуги, вклучително и престој во затворени простории во барови и ресторани, музеи, кина, клубови и спортски настани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим