ВИДЕО: Исчезна мајка со три деца во Минесота, во езеро пронајдени телата на две од децата

Од:

Телата на две од трите деца кои синоќа исчезнаа за едно со нивната мајка се пронајдени во езеро во американската држава Минесота, јавија американските медиуми.

Потрагата по мајката и уште едно од децата се уште е во тек, а трагачите веруваат дека децата намерно се удавени.

Ниту една од жртвите и оние по кои се трага не се именувани, додаваат американските медиуми.

Таткото на повредените деца бил пронајден мртов вчераутро во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека и нивната мајка исчезнала тој ден заедно со децата.

Полковникот Џо Штајнер од полицијата во Мејплвуд изјави дека автомобилот и чевлите на жената кои им припаѓале на децата биле пронајдени во близина на езерото Ваднаис околу 16 часот.

Во претресот на езерото било најдено телото на едно дете, а телото на друго е пронајдено во текот на ноќта.

Властите веруваат дека сите три деца биле под петгодишна возраст, наведуваат американските медиуми.

-Нема ништо потрагично од загубата на мали деца, изјави шерифот на округот Ремзи, Боб Флечер, на прес-конференција, додавајќи дека најверојатно станува збор за тројно убиство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност