(ВИДЕО) Индиски бизнисмен си купил златна маска против Ковид-19

Од:

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде поради пандемијата со коронавирус, решил да си набави златна заштитна маска.

Индиецот вели дека за златната маска платил околу 4 илјади долари.

Маската е изработена од 60 грама злато, а на златарот кој ја правел му биле потребни осум дена за да ја изработи.

„Тоа е тенка маска и има мали дупчиња за да можам да дишам“, изјави Шанкар.

„Не сум сигурен дека ќе биде ефективна за да ме заштити од коронавирусот, но јас преземам и други мерки на претпазливост“, додал бизнисменот.

Индиецот за себе вели дека е голем љубител на златото и секогаш носи накит во изобилство.

„Луѓето на улица сакаат да се сликаат со мене“, вели тој.

Бизнисменот Шанкар Курхаде ја добил идејата од својот сограѓанин кој си направил сребрена маска.

Во Индија, носењето на заштитна маска во јавност е задолжително. Во земјата има околу 650.000 потврдени случаи на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка