ВИДЕО: Импресивна глетка, пристигна огромниот болнички брод за медицинска помош во Њујорк

Од:

Американскиот поморски брод „Комфорт“ пристигна на пристаништето во градот Њујорк откако ја помина познатата „Статуа на слободата“.

Бродот, кој има илјада болнички кревети, ќе помогне во ублажувањето на товарот што го носи локалниот здравствен систем во регионот како резултат на големиот број на заразени пациенти со коронавирус.

Претходно, американскиот претседател, Трамп, го виде бродот во Норфолк пред тој да се упати во Њујорк.

„Овој брод позади мене е одличен, тој е 70,000 тонска порака на надеж и солидарност за прекрасните луѓе од Њујорк, местото кое јас го знам многу добро, местото кое јас го сакам“, рече Трамп.

Бродот е наменет и ќе биде користен исклучиво за пациенти кои не се заразени со Ковид-19, за да се ослободи повеќе простор во болниците во и околу градот на оние кои имаат потешки симптоми од смртоносниот вирус, како и да се спречи ширењето на пандемијата и смртноста во градот која бори над една илјада.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат