ВИДЕО: Илјадници демонстранти се обидуваат да влезат во грузискиот парламент

Од:

Илјадници демонстранти се обидоа да ја влезат во зградата на Парламентот на Грузија во главниот град Тбилиси, откако се собраа на анти-владиниот митинг барајќи оставки на високи функционери во владата.

Околу пет илјади луѓе се собраа пред Парламентот, во знак на протест поради учеството на руската делегација на седницата на Интерпарламентарното собрание за Православието, во организација на Тбилиси.

Тензиите се ширеа за време на седницата во Собранието денеска. Пратениците од опозицијата беа навредени од присуството на членот на руската делегација Сергеј Гаврилов, кој се обрати на собирот од седиштето на спикерот на Собранието. За време на паузата, тие го окупираа подиумот каде стои говорникот и го спречија продолжувањето на самитот.

Демонстрантите се обидоа да влезат во дворот на Парламентот, кој беше заштитен од специјалните сили.

Грузиското министерство за внатрешни работи побара од толпата да се воздржи од нелегални активности, ветувајќи „дека ќе ги искористи сите средства во рамките на Законот“ за да го врати редот.

Опозицијата вети дека луѓето ќе останат на улиците се додека претседателот на парламентот Иракли Кобахиѕе и неколку други високи функционери, кои дозволија тоа да се случи, да дадат оставки.

Министерот за внатрешни работи, за новинарите изјави дека е подготвен да одговори на барањата на демонстрантите, велејќи: „Нема проблем. Јас ќе поднесам оставка ако има таква потреба“.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „радикалната опозиција во Грузија експлоатира важен меѓународен форум чија цел е обединување на православните народи во светот, да се ослободи антирускиот став“.

Би можело да ве интересира

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски

Русија ја укина забраната за летови во Грузија

Ана Ололовска

Шефот на руската разузнавачка служба: Западот ја турка Грузија во војна со Русија