(ВИДЕО) Хаос во Париз на протестот на Жолтите елеци: Запалени автомобили, судири, солзавец и апсења

Од:

Неколку лица се уапсени на денешниот протест на Жолтите елеци во Париз, а полицијата употреби и солзавец за да ги растера демонстрантите, а обидот да ја блокираат главната обиколница на градот е спречен.

Во еден дел од Париз, демонстрантите запалиле дрвени палети, пишува ББС.

Полицијата уапсила 33 лица, објави Ројтерс. Собири се забранети во близина на познатите туристички дестинации, како Ајфеловата кула, а затворени се и 20 станици на париското метро.

Демонстрантите на улиците палале канти за отпадоци, фрлале бетонски плочи кон полицијата. Беа првртени две возила, а еден мотоцикл и еден автомобил беа запалени, на што полицијата одговори со воден топ и созавец, пишува Гласот на Америка.

Протестите на жолтите елеци почнаа во ноември 2018-та година, по зголемувањето на цената на горивата како и поради порастот на трошоците за живот во Франција.

Протестите прераснаа во движење против економските реформи кои се обиде да ги спроведе претседателот Емануел Макрон.

Со тек на време протестите ја изгубија својата масовниост.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден