ВИДЕО: Хаос во Москва поради расправија за маски – две лица загинаа, а тројца се повредени

Од:

Две лица загинаа, а тројца се повредени кога маж отвори оган во државна институција за издавање документи.

Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека напаѓачот е фатен.

„Сочувство до семејствата на жртвите. Лекарите прават сѐ што може за да им помогнат на ранетите“, рече тој.

Локалниот весник РБК јавува дека напаѓачот е 45-годишен жител на Москва.

Агенцијата ТАСС наведува дека пукањето се случило по расправија за носење заштитна маска.

„Посетителот го извадил оружјето и почнал да пука. Во тој момент никој од вработените немал време да го притисне копчето за аларм“, објави агенцијата повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Полицијата соопшти дека загинале еден вработен и еден клиент, а меѓу ранетите има и 10-годишно девојче.

Напаѓачот е приведен во полиција.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски