(ВИДЕО) Хаос во Германија: поројни дождови, поплави и урнати куќи, најмалку четворица загинати и над 50 исчезнати

Од:

Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца пожарникари, загинаа во Германија, а околу 50 лица се водат како исчезнати откако шест куќи во регионот Ајфел се урнаа поради поројните дождови и поплавите.

Портпарол на полицијата во Кобленц потврди дека четири лица го загубиле животот. Нивните тела биле пронајдени на разни места.

Други 25 куќи се изложени на ризик од уривање во областа Шулд во близина на Аденау, јави телевизијата СВР повикувајќи се на локалната полиција, пренесува Билд.

Некои места се отсечени од светот поради надојдените води. Многу граѓани се качија на покривите на своите куќи чекајќи спасувачките екипи да стигнат до нив со чамци.

Армијата е распоредена за да им помогне на жителите, пренесува Ројтерс. Железничкиот, патниот и речниот сообраќај е во прекин, а пловењето по реката Рајна исто така е запрено.

Обилни дождови се очекуваат и денеска во југозападна Германија, а дождот ќе паѓа се до петок навечер, предупреди германската метеоролошка служба утрово.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени