ВИДЕО: Хаос во Будимпешта, судири на демонстрантите и полицијата

Од:

Неколку илјади антивладини демонстранти се судрија со полицијата пред зградата на Парламентот во Будимпешта синоќа, а полицијата употреби солзавец за да ги разбие.

Демонстрантите прво поминуваа низ центарот на Будимпешта, а потоа се вратија на плоштадот Кошут и покрај повиците протестот да остане мирен, започнаа со шишиња и запаливи бомби да фрлаат на полицијата, која употреби солзавец за да го обезбеди Парламентот.

Könnygáz a Parlamentnél

Könnygáz a Parlamentnél

Posted by Index.hu on Четврток, 13 декември 2018

Протестот беше организиран поради неодамнешните измени на законот за работа за кој синдикатите и опозицијата тврдат дека ќе им наштети на работниците.

Демонстрантите се главно незадоволни со законот, кој им овозможува на работодавачите од вработените да бараат да работат прекувремено 400 часови годишно.

Усвоен е и законот за управните судови, за кој групите за човекови права сметаат дека може да доведе до политичко мешање во судските прашања. Унгарската Влада ги отфрла таквите обвинувања.

Помеѓу демонстрантите имаше голем број студенти, кои исто така протестираат за затворањето на Централниот Европски Универзитетот, основан од Џорџ Сорос.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Сијарто го означија почетокот на изградбата на пругата Нови Сад – Келебија

А1он

ЕУ бара казни за Унгарија поради нејзината политика за азил

А1он

Во Будимпешта одржа средба на десет стопански комори од Западен Балкан и од Вишеградската група

А1он

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Унгарија предупредува на зголемена миграција преку Западен Балкан

А1он

Унгарската опозиција со заеднички кандидат против Орбан

А1он