(ВИДЕО) Грозничава потрага по преживеани: Преку педесет луѓе се под урнатините во Мајами

Од:

На вкупно 51 човек не му се знае трагата по ноќешното уривање на станбена зграда во северниот дел на Мајами, јавуваат американските медиуми.

Дел од заеднички станбени блокови со апартмани, изградени покрај плажа северно од американскиот град, се урна утринава, а во несреќата засега е пронајдено телото на еден загинат.

Делумно урнатата зграда е 12-катна и била изградена во 1981 година, во неа има над 130 станови, а уништени или оштетени се повеќе од 70. Видео од сигурносните камери објавено на Твитер го покажува моментот кога зградата едноставно се урнала како кула од карти.

Како што се известува, 34-ца од станарите биле веднаш извлечени од оштетениот објект, двајца биле пронајдени во урнатините, а еден од нив починал.

Според Сали Хејман, советничка од округот Мајами-Дејд, од сите станари – сопственици на становите во објектот, на 51 лице засега не им се знае трагата.

-Имаше луѓе кои избегаа по скалите, кои излегле самостојно и за кои нема податоци како заминале. Не им се знае трагата, бидејќи немаме слушнато од нив, или семејствата или пријатели се немаат јавено да кажат дека се добро, изјави таа.

Властите засега не можат да кажат колку точно луѓе загинале, соопштуваат дека се одвива операција за потрага и спасување, како од страна на полицијата така и од пожарникарите, кои на местото на настанот дошле со околу 50 возила. Расчистувањето на остатоците од зградата и напорите за спасување се очекува да траат со недели.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат