(ВИДЕО) Гринпис Русија: Пожарот е на само километар од Чернобил и зафаќа илјада пати поголема површина отколку што кажуваат властите

Од:

Огромниот шумски пожар во Украина кој беснее повеќе од една недела, сега е само на еден километар од напуштената нуклеарка во Чернобил и претставува ризик од радијација, предупреди организацијата Гринпис РУсија, повикувајќи се на сателитските снимки.

Украинската служба за вонредни ситуации соопшти дека се уште се бори со пожарите, но дека ситуацијата е под контрола, пренесува Ројтерс.

На видеоснимките кои во неделата ги сними агенцијата, се гледа облак од црн чад, дрвјата и понатаму горат, а пожарникарите од хеликоптер се обидуваат да го угасат пожарот.

Сликите од воздух во забранетета зона, 30 километри од местото на најголемата светска нуклеарна несреќа, до која дојде во 1986 покажуваат дека земјата е поцрнета и дрвја што се уште тлеат.

Службата за вонредни ситуации соопшти дека нивото на радијацијата во забранетата зона не е променето, а во Киев, не е надминато вообичаеното ниво.

Од Гринпис Русија велат дека ситуацијата е многу полоша отколку што украинските власти веруваат, и дека пожарите зафаќаат подрачје илјада пати поголемо од тоа што го тврдат официјалните лица, кои на 4-ти април соопштија дека пламенот опфаќа површина од 20 хектари.

Гринпис се повика на сателитските снимки кои покажуваат дека во тоа време зафатена била површина од околу 12 илјади хектари.

– Според сателитските снимки снимени денеска, површината на најголемиот пожар достигна 34 400 хектари, велат и додаваат дека вториот пожар кој се простира на 12 600 хектари бил оддалечен само километар од постројките.

Рашид Алимов, шефот на енергетските проекти во Гринпис Русија, рече дека пожарот, потпомогнат од ветрот, може да ги растера радиоизотопите, атоми кои испуштаат зрачење.

– Пожарот што се приближува на постројките за нуклеарна или опасна радијација, секогаш е ризик, кажа Алимов.

Сателитските снимки на НАСА покажуваат дека двата пожари се прошириле длабоко во забранетата зона.

Пожарите почнаа на 3-ти април во западниот дел на забранетата зона и се проширија до блиската шума. Полицијата наведе дека го идентификувала 27-годишниот локален жител кој е обвинет дека намерно го подметнал пожарот.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси