ВИДЕО: Грабеж во банка во Берлин, 11 лица повредени

Од:

Германската полиција трага по четворица ограбувачи кои попладнево ограбиле експозитура на банка во Берлин, пуштајќи солзавец во објект во близина. 11 луѓе се примени во болница со симптоми на задушување од гасот, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата ја затвори познатата берлинска улица Карл Маркс, како и неколку улици во близина на ограбената банка и плоштадот „Херманплац“, во обид да ги фати крадците, кои според очевидците, избегале со возило/

На местото на настанот пристигнале и пожарникарите. Засега полицијата ја отфрла можност за терористички напад и потенцира дека станува збор за грабеж, иако нема потврда дали крадците успеале да ги однесат парите.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Насилници барале пари од момче, па го раниле со нож

Горан Наумовски

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница