ВИДЕО: Големото невреме буквално ги замрзна куќите во Онтарио, објавена снимка од дрон

Од:

Домовите покрај езерото во Онтарио се оковани со дебел слој мраз откако снежната бура минатиот викенд предизвика огромни бранови. Жителите на заедницата Форт Ири раскажуваат дека брановите се удирале врз ѕидовите на куќите за време на невремето.

„Водата замрзна од задниот дел на куќите, од врвовите на куќите надолу“, изјави жителот на Форт Ери Дерек Таплинг за CTV. „Огромна количина на вода удри во ѕидовите на куќите и веднаш замрзна. Тоа е апсолутно неверојатно“, додаде тој.

Заедницата се наоѓа западно од округот Ири, Њујорк, каде историската снежна бура однесе повеќе од 30 животи. Во Форт Ири, температурите во текот на ноќта за време на бурата паднаа за 20 степени под просекот за овој период од годината. Таплинг изјави за CTV дека мразот што се насобрал на куќите бил дебел најмалку 12 инчи, а жителите се загрижени за штетите на куќите.

„Овде сме долго време и никогаш не сме виделе толку лошо време во овој период од годината“, рече Таплинг. „Штетата и уништувањето на домовите се неверојатни“, рече Таплинг.

Температурите во областа Форт Ири се очекува да се искачат на околу 20 степени над нормалата, што може да доведе до брзо топење и акумулација на вода.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба