ВИДЕО: Големи протести во Франција против пензиската реформа

Од:

Илјадници луѓе се собраа денеска во Париз на протест против пензиската реформа, соопшти полицијата, а синдикатот ЦГТ, еден од организаторите, објави дека има повеќе од 500.000 граѓани.

Полицијата сè уште не даде проценка за бројот на луѓе на протестите низ целата земја, додека ЦТГ вели дека 2,8 милиони демонстранти учествувале низ Франција, протестирајќи против зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Во главниот град, маршот го предводеа синдикалните лидери собрани зад транспаренти на кои пишуваше „Ние кажуваме НЕ за пензиските реформи и подолг работен век“, како на првиот голем митинг на 19 јануари, кога повеќе од милион луѓе учествуваа во демонстрациите низ земјата.
Митинзи денеска се одржаа и во другите големи градови: во Марсеј со околу 40.000 учесници, според полицијата, во Рен со 23.000 и во Нант со околу 28.000.

Француските власти соопштија дека денеска штрајкувале 25,92 отсто од просветните работници, додека синдикатите проценуваат дека тој број е 50 отсто.

Пензиската реформа, клучен проект од вториот петгодишен мандат на претседателот Емануел Макрон, предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и продолжување на периодот за плаќање придонеси.

И покрај незадоволството на граѓаните, властите не се откажуваат од таа реформа, а премиерката Елизабет Борн неодамна изјави дека нема да има преговори за старосната граница за пензионирање.

За предлог-законот за пензиските реформи во Собранието беа поднесени дури 7.000 амандмани, од кои 6.000 поднесе само левицата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Париз: полицијата употреби солзавец за да ги избрка демонстрантите кои горат и кршат низ градот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Франција нови протести, во Париз се насобраа 8000 тона ѓубре

ВИДЕО: Демонстранти во Париз го блокираа влезот на Лувр

Ана Ололовска

Хаос на протестите во Франција: Демонстрант и полицаец во критична состојба, повеќе од 30 лица се повредени

(ВИДЕО) Брутални демонстрации во Франција: Граѓани фрлаат молотови коктели кон полицијата

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција