ВИДЕО: Големи поплави во Нов Зеланд, стотици луѓе евакуирани

Од:

Обилните врнежи кои со денови паѓаат во северниот и централниот дел на Нов Зеланд денеска се намалија, но жителите таму беа принудени да напуштат своите домови.

Градот Нелсон, во новозеландскиот Јужен остров, беше најтешко погоден. Жителите од неколку стотици куќи беа евакуирани, а некои од нивните домови беа прогласени за непогодни за живеење поради обилните врнежи.

Силниот дожд не го заобиколи ниту Северниот остров, каде што некои градови беа отсечени, патиштата беа поплавени, а луѓето беа принудени да ги напуштат своите домови. Во текот на изминатата ноќ беа извршени околу стотина нови евакуации. Во целата област околу Нелсон се евакуирани луѓе од вкупно 508 куќи.

Денеска метеоролозите забележаа слабеење на врнежите во северниот и централниот дел на Нов Зеланд, а предупредувањата кои важеа дотогаш беа отстранети.

Предупредувањата за обилни врнежи се уште се во сила на југот и југозападот од Јужниот остров.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски