ВИДЕО: Големи поплави во Лисабон, најмалку една жртва

Од:

Локалните власти во португалскиот главен град Лисабон прогласија состојба на тревога и ги повикаа луѓето да останат во затворени простории бидејќи обилните дождови предизвикаа поплави, однесоа автомобили и навлегоа во згради, при што загина најмалку едно лице.

Португалската метеоролошка агенција IPMA издаде „црвено“ метео предупредување за Лисабон, како и за соседната област Сантарем и јужниот регион Алгарве, поради интензивните врнежи и силните ветрови, кои се очекува да продолжат и денеска. Во Лисабон, цивилната заштита пријави стотици инциденти, од поплавени улици, железнички станици и театри до болници, а властите мораа да ги затворат патиштата и тунелите.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи, исто така, покажаа поплави во делови од аеродромот во Лисабон, поради што два лета беа пренасочени, по што портпаролката рече дека аеродромот е „оперативен“.

Командантот за цивилна заштита Андре Фернандес на прес-конференција изјави дека 55-годишна жена загинала во поплавен подрум во Алгеш, во близина на Лисабон. Нејзиниот сопруг, кој исто така бил во подрумот, бил спасен и преживеал.

„Апелираме до луѓето да не ги напуштаат своите домови за време на овие периоди на обилни врнежи“, рече Фернандес, повикувајќи ги оние што живеат во ниските области да „бараат засолниште“ на побезбедни места.

Кабинетот на градоначалникот на Лисабон, исто така, побара од луѓето да останат внатре, а градоначалникот Карлос Моедас посети некои поплавени подрачја, најавувајќи дека наскоро ќе започне клучната работа за изградба на одводен тунел долг пет километри.

„Овие промени (поради глобалното затоплување) се страшни“, рече Моедас, додавајќи: „Мораме да бидеме подготвени“.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски