ВИДЕО: Голема експлозија на Крим

Од:

Повеќе непотврдени извештаи и видеа од експлозии доаѓаат утринава од окупираните територии на југот и југоисточниот дел на Украина, пишува Гардијан.

Украинската телевизија NEXTA-TV објави непотврдена снимка од експлозијата наводно од Џанкој на Крим. Рускиот медиум РИА Новости јави дека утрово околу 6 часот во градот се запалила трафостаница.

Административниот началник на Крим, Сергеј Аксјонов, кој беше назначен од Русија, рече дека итно отишол во селото Мајскоје во близина на Џанкој.

„Отидов во селото Мајскоје. Се истражуваат околностите на инцидентот. Ќе ве известам веднаш штом ќе бидат достапни информациите“, рече Аксјонов на својот канал на Телеграм, а пренесува РИА.

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите