ВИДЕО: Голем протест во Берлин против антиковид мерките

Од:

Илјадници луѓе денеска во Берлин протестираа поради владните антиковид мерки и покрај забаната за собири.

Германската полиција забрани девет планирани собири за денеска, а над 2.000 полицајци беа распоредени во Берлин.

Судот дозволи протести до 500 луѓе за денеска и утре. Протестите се организирани по дебатата во Германија дали да се воведат ограничувачки мерки за невакцинираните лица.

На почетокот на август во Берлин беа одржани слични протести, што заврешија со судири со полицијата и стотина приведени луѓе.

Во меѓувреме, контрапротестот организиран како поддршка на владините мерки против Ковид-19 привлече голем број луѓе.

Би можело да ве интересира

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид

Германија ги укинува антиковид мерките и покрај рекордниот број заразени минатата седмица