(Видео) Голем кит забележан во реката Темза покрај Лондон

Од:

Грбав кит долг најмалку пет метри, бил забележан денеска во реката Темза кај Лондон, скоро една година откако во близина на британската престолнина беше забележана белуга – бел кит.

„99,99 проценти сме сигурни дека се работи за грбав кит. Многу луѓе го видоа“, рече портпаролот на лондонската служба која ја надгледува реката.

Белугата што се појави во Темза пред една година го доби името Бени, а покрај бреговите на Лондон живееше речиси три месеци, потсетува „Ројтерс“.

„Ова сега не е Бени, бидејќи не е белуга“, појасни портпаролот.

Грбавите китови кои некогаш масовно биле ловени за нивната високо ценета маст, можат да достигнат тежина до 40 тони и да пораснат до 18 метри.

Овој вид на китови мигрира преку десетици илјади километри годишно меѓу областите на Арктикот богати со храна и местата погодни за размножување во тропските води.

Би можело да ве интересира

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски

Полицијата oд Лондон извести: Веруваме дека го пронајдовме телото на напаѓачот од Лондон

Горан Наумовски

Лондон: Девет лица се повредени со киселина, жена и деца се префрлени во болница

Горан Наумовски