ВИДЕО: Гласовите на „референдумот“ на истокот на Украина ги собираат вооружени војници

Од:

Во окупираните територии на Украина на исток денеска се одржува „референдум“ за присоединување кон Русија. Колку е демократски процесот докажува видеото од надзорната камера која го прикажува процесот на собирање гласови од куќите.

На видеото се гледа како член на изборната комисија се качува по скалите на зградата придружуван од двајца војници вооружени со пушки.

„Ова се „референдуми“ во источна Украина. Руските окупаторски сили буквално доаѓаат пред вратите на луѓето со пушки во рака и собираат „гласови““, напиша на Твитер Кевин Ротрок, уредник на рускиот независен портал Медуза, кој ја сподели снимката.

Западот и Украина со денови предупредуваат дека се работи за лажен референдум чија цел е окупираните делови да се прогласат за руски територии.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ