ВИДЕО: Германската полиција трага по доказите и телото на малата Медлин Мекен

Од:

Германската полиција денеска почна истрага во врска со исчезнувањето на 4-годишното девојчето Медлин Мекен, кое беше грабнато во 2007 година во Португалија од хотелски апартман, каде што заедно со своето семејство престојувало на летен одмор.

По објавените снимки од германскиот град Хановер, се претпоставува дека на местото на кое полицијата води истрага и откопува земја од еден имот се наоѓа телото на грабнатото девојче.

Истрагата продолжи во Германија кога лицето Кристијан Брукнер стана главниот осомничен. Брункер моментно се наоѓа во затвор поради неколку сторени кривични дела, но тој сè уште не е гонет за предметот поврзан со Медлин Мекен.

Претходно, во истрагата беше вклучена и португалската полиција поради местото на кое последен пат било видено грабнатото девојче, но не пронајде ништо во својата потрага.

Иако родителите и британската полиција се надеваат дека девојчето е сè уште живо, сепак фотографиите кои штотуку пристигнуваат од Германија велат дека ќе се оствари најтемното сценарио. Имено, полицијата, во соработка со Обвинителството, утрово зафати имот во Хановер, што не е далеку од куќата каде што живеел осомничениот Кристијан Брукнер.

Целиот имот е обележан со полициска лента, а инспекторите со кучиња го пребаруваат теренот. Според снимките, на местото можеа да се видат и багери што откопуваат дел од земјата.

Додека ниту Обвинителството ниту полицијата не сака да го коментира случајот, велејќи само дека истрагата сè уште трае, многумина се сомневаат дека полицијата открила дека Медлин е закопана на оваа парцела, а со копање на теренот се обидуваат да ги најдат остатоците од телото.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени