ВИДЕО: Германија и Холандија оковани во мраз и снег, бурата „Дарси“ е најстудениот бран зимава

Од:

Сообраќајот и денеска се одвива отежнато во Германија и Холандија, поради обилниот снег и ледените температури кои ги донесе бурата „Дарси“ што ги зафати Централна и Северна Европа.

За денеска беше планирано холандските деца да се вратат во училиштата по паузата поради коронавирусот, но поради временските прилики тоа е одложено.

Синоќа камиони останаа заглавени во снегот на автопатот А4 кај Гера во источна Германија, додека дел од автопатот А7 кај Гетинген во северна Германија е затворен поради блокирани камиони, пренесува агенцијата ДПА.

Германската железница Дојче Бан соопшти дека сообраќајот се уште е во прекин во делови од централна и северна Германија и дека возовите на долги релации не работат на правците североисточно од Франкфурт, западно од Берлин или југозападно од Хамбург.

Холандската железница НС информира дека денеска во Холандија се очекува „многу ограничена услуга“. За денеска беше најавено и дека стотици илјади холандски деца ќе се вратат во основните училишта по строгиот „локдаун“ што започна пред божиќните празници. Наместо тоа, за многумина, ова е уште еден ден дома, откако вчера снежна бура ја погоди Холандија и го наруши сообраќајот низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов