ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Исланд, нема опасност за жителите

Од:

Вулканот Фаградалсфјал во близина на исландската престолнина Рејкјавик еруптираше синоќа и го обои небото над градот во црвена боја, но научниците не се загрижени за овој феномен.

Според првичните информации, пукнатината е долга околу 200 метри, објави исландскиот Метеоролошки завод.

Забележани се прскања на мали фонтани со лава, а вжештената маса достигна големина од околу еден квадратен километар, соопштија властите. Измерени се мали сеизмолошки флуктуации.

Одделот за цивилна заштита и управување со кризи ги повика жителите да останат смирени и ги предупреди да не се приближуваат до вулканот и да не им пречат на службите за итни случаи.

И покрај драматичните фотографии и сцени, властите соопштија дека ерупцијата е мала и не претставува опасност за жителите на блискиот Гриндавик.

„Ние внимателно ја следиме ситуацијата и сега тоа не се смета за закана за околните градови. Ги повикуваме луѓето да се држат настрана од вулканот и да останат безбедни”, објави на Твитер премиерот Катрин Јакобсдотир.

Метеоролошката канцеларија на Ведурстоф соопшти дека протокот на лава веројатно нема да предизвика поголема штета.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он