(ВИДЕО) Еруптираше голем вулкан во Индонезија: Лава тече и до седум километри наоколу

Од:

Индонезиската државна агенција за справување со катастрофи објави дека вулканот Мерапи еруптирал денеска, исфрлајќи жешки облаци и лава која течела до седум километри. Вулканот Мерапи, кој се наоѓа во регионот Јогјакарта, е еден од најактивните во Индонезија. Агенцијата ги предупреди жителите на блиската заедница да престанат со сите активности во опасната зона.

Се уште нема извештаи за непосредни жртви. Агенцијата сподели видео на Твитер на кое е прикажана ерупцијата. Официјални лица потврдија дека жителите не биле веднаш евакуирани, но им било советувано да започнат со евакуација доколку лавата помине на растојание од седум километри, пренесува ДВ.

Вулканската пепел покри најмалку осум села во близина на вулканот. Планината Мерапи висока 2.968 метри се наоѓа на приближно 30 километри северно од градот Јогјакарта, вековното седиште на кралските династии. Околу 250.000 луѓе живеат во радиус од 10 километри околу вулканот.

Би можело да ве интересира

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Инденезија од 7,1 степени според Рихтер, недалеку од Бали

Силен земјотрес ја погоди Индонезија