ВИДЕО: Епл ги блокираше телефоните кои беа украдени за време на немирите во САД

Од:

Во САД, оваа недела група на вандали се судираат со полицијaта и уништуваат разни бизниси поради полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд.

Американските медиуми јавуваат дека се ограбени неколку вакви продавници на мобилните телефони Ајфон.

Крадците изнеле огромен број на Ајфони, но не требаше многу за компанијата „Епл“ да одговори на анархијата и дивјаштвото.

По социјалните мрежи се појавија фотографии дека украдените телефони автоматски се блокирани и на нив се појавуваат соопштенија да бидат вратени.

Компанијата моли да се вратат незаконски добиените телефони во продавницата и предупредува дека ќе го лоцира местото на телефонот со пренос на информација до властите.

„Епл“ веќе неколку години поседува одлична заштита од крадци.

При кражба на мобилен телефон од продавницата, гаџетот автоматски се блокира и станува бескорисно „железо“.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД