ВИДЕО: Емануел Макрон официјално претседател на Франција

Од:

Дваjцата претседатели, досегашниот Франсоа Оланд и новиот Емануел Макрон го извршија примопредавњето на функциите во Елисејската палата, јавува дописникот на МИА од Париз.

dobivaj vesti na viber

Приморедавањето на функциите траеше подолго од предвиденото според протоколот. Оланд требаше да ја напушти Елисејската палата во 10 часот и триесет ,имути, но тоа се случи повеќе од половина час подоцна.

Очигледно двата претседатели кои се познаваат добро имаа што да се кажат, имено Емануел Макрон од 2012 година до 2014 беше советник на Оланд во Елисејската палата, а потоа и негов министер за екомонија, пред да поднесе оставка и да се впушти во трка за претседател.

Оланд ја напушти Елисејската палата испратен со аплауз од Емануел Макрон и персоналот.

Емануле Макрон е најмладиот француски претседател во историјата на републиката, со само 39 години.

Веднаш потоа во придружба на неговата сопруга Брижит, официјално беше прогласен за претседател на Републиката.

Свеченостите во Париз продолжуваат.

Познати се имињата на најблиските соработници на новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон.

Алексис Колер, 44 години, ќе биде нов генерален секретар на Елисејската палата. Тој помина од Генералниот директорат на францускиот трезор и ММФ, Агенцијата за државни акционери. Тој беше директор на кабинетот на Пјер Московиси во Берси, а потоа и на Емануел Maкрон.

Патрис Стрзода, на 64 години, стана шеф на кабинетот на претседателот на Републиката. Овој висок француски функцинер има работено во територијалните администрации во многу француски департмани. Префект на регионот Бретања, тој стана началник на кабинетот на Бернар Казнев кога беше министер за внатрешни работи и пота на премирескиот кабинет, пред да биде назначен за префект на регионот Ил де Франс.

Филип Етиен, 61, амбасадор, стана дипломатски советник на претседателот. Во моментов тој е амбасадор во Берлин, овој амбасадор имаше долга кариера во многу земји (Белград, Бон, Москва, Букурешт, ЕУ…) и во министерските кабинети(Босон, Де Шарет, Кушнер).

Исмаел Емелиен, 30 години, ќе стане специјален советник. Дипломирал политички науки, тој беше стратег на кампањата на Емануел Макрон, а претходно беше задолжен за стратегија и комуникација во Берси кога Макрон беше министер.

Би можело да ве интересира

Франција репатрираше група жени и деца од кампови на ИД во Сирија

Франција стана најголем купувач на руски природен гас: Која е причината?

Ле Мер: ЕУ работи на алтернативни начини за воведување глобална даночна стапка

А1он

Францускиот предлог стигна до Владата

Катерина Павлова-Николовска

Завршува Француското претседавање со Европската Унија

Јаел Браун-Пивет е избрана за претседателка на Националното собрание на Франција

А1он