ВИДЕО: Експлозија во центарот на Мелитопол

Од:

Силна експлозија одекна денеска во центарот на Мелитопол, украински град кој е под контрола на руските сили, соопшти градската воено-цивилна администрација.

Во соопштението се наведува дека граѓаните пријавиле дека се слушнала силна експлозија, и оти се проверува дали има жртви.

Владимир Рогов, член на главниот административен совет на регионот Запорожје, рече дека станува збор за автомобил-бомба.

– Според непотврдени информации експлодирал автомобил, изјави Рогов.

Експлозијата била толку силна што возилото се распаднало на два дела, соопшти Рогов на својот канал Телеграм.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин