ВИДЕО: Еден загинат, четворица исчезнати по експлозијата во Леверкузен

Од:

Еден работник загина, а четворица се водат како исчезнати по денешната експлозија во фабрика за хемиски отпадни материјали во западниот германскиот град Леверкузен.

Во инцидентот, кој се случи утрово, се повредени 16 лица, од кои четворица посериозно. Експлозија во во хемискиот комплекс „Кемпарк“ доведе до пожар во резервоар со растворувачи.

Гаснењето на пожарот мораше да се одложи се додека не се исклучи кабелот за електрична енергија, но набрзо започна, соопштија градските власти.

Експлозијата предизвика огромен облак од црн чад на небото. Германската федерална канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи ја класифицираше експлозијата како „екстремна закана“ и побара од жителите да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите, јави ДПА.

Телевизијата „Ве Де Ер“ цитираше очевидци кои изјавија дека слушнале експлозија и виделе чад како се издигнува од објект на компанијата за хемиски и фармацевтски производи „Баер“.

Полицијата во Леверкузен ангажира голем број свои екипи, а некои патишта се делумно блокирани за сообраќај, поради брза пристапност на службите за итни случаи.

Би можело да ве интересира

Луфтханза ќе изврши докапитализација за да врати дел од државната помош

Ана Ололовска

Меркел: Судско гонење на антисемитизмот е од витално значење за Германија

А1он

Кандидатите за нов германски канцелар денеска ќе ја имаат последната ТВ дебата

Ана Ололовска

Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, сака да го отвори патот кон побрзи и независни воени мисии на ЕУ

Ана Ололовска

Не е пронајдена опрема за изготвување бомба во истрагата за претпоставениот напад врз синагога во Хаген

А1он

Почна судењето на поранешните менаџери на Фолксваген за измама со издувни гасови

А1он