(ВИДЕО) Џонсон: Многу семејства заради коронавирусот ќе останат без своите најмили!

Од:

Во драматично обраќање до нацијата, британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека „многу семејства“ ќе ги изгубат најблиските, бидејќи коронавирусот се шири низ Велика Британија.

Во грозоморната изјава дадена попладнево, Џонсон предупреди дека многу Британци ќе умрат „пред своето време“ во екот на пандемијата.

„Сите ние треба да бидеме јасни, ова е најлошата криза во јавното здравство на една генерација“, рече тој.
„Некои луѓе го споредуваат со сезонски грип, за жал тоа не е во ред. Поради падот на имунитетот, оваа болест е поопасна”.

„Тоа ќе се прошири понатаму и морам да бидам искрен со британската јавност:многу повеќе семејства ќе ги загубат своите најблиски пред време”.

Тој рече дека се разгледува забраната за спортски настани во Велика Британија.

„Размислуваме за забрана на големи јавни настани како спортските“, рече тој.

„Научен совет е дека ова има мало влијание врз ширењето – но тоа ги оптоварува и другите јавни служби“.

Конзервативниот политичар објави дека напорите за борба против коронавирусот се преселиле во „фаза на спречување на ширење на вирусот“.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници