ВИДЕО: Двајца повредени при експлозија на реактор во хемиска фабрика во Холандија

Од:

Противпожарните екипи утрово успеаја да го изгаснат огнот што избувна доцна синоќа при експлозија на реактор во хемиска фабрика на нафтената компанија „Шел“ крај холандскиот пристаништен град Ротердам.

При ексползијата полесно се повредени две лица.

– Опасноста е надмината. Операцијата за отстранување на последиците од инцидентот е во последната фаза, соопшти претставник на противпожарната служба.

Експлозијата, за која се уште не се утврдени причините, се случила во момент на смена на дежурните екипи.

Локалните медиуми информираат дека жителите во близина на фабриката слушнале експлозии и виделе огромни пламени јазици како се креваат во ноќта.

Експлозиите во фабриката довеле до ослободување на етилбензол, што може да предизвика силна дразба на очите и кожата, соопштија локалните власти. Тие на жителите им препорачаа да ги држат затворени прозорците од домовите и да не ги вклучуваат климатизерите.

Поради пожарот во текот на ноќта беше прекинат патниот и поморскиот сообраќај во реонот околу фабриката.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи